Стрип центарот на Македонија Велес со промоција на стрип книгата „Кико и Веки“ на Јордан Манасијески
Објавено на 6 јули, 2023 во 12:56
Стрип книгата „Авантурите на Кико и Веки“ од Јордан Манасијески, денеска, ќе биде промовирана во Охрид , во Културен информатицен центар КИЦ „Култура 365“ со почеток во 19:00 часот.
– Континуирано од 1981 г се претставува како автор на стриповите „КИКО И ВЕКИ И ВСЕЛЕНСКИТЕ ГУСАРИ“ што конечно сега излегува како посебно издание. Авторот е роден 1948 во Охрид и завршил Ликовна педагошка академија во Скопје. Целиот свој работен век го поминува во својот роден град. За своето творештво е добитник на највисокото признание на град Охрид, соопштија од Стрип центарот на Македонија – Велес.
Оттаму додаваат дека станува збор за издание на Стрип центарот во склоп на годинешната програма на Министетство за култура на РСМ за 2023 година.
Стефани Манева