Нов претрес во дом на велешанец, пронајдена марихуана
Објавено: 7 јули, 2023, во 12:09 часот
Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес вчера, во 20:00 часот, го лишеле од слобода дваесет и девет годишниот А.Г.
-При претрес во неговиот дом, извршен по претходно добиена судска наредба, била пронајдена марихуана, додаваат од МВР.
Велешанецот е приведен и задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Дума.мк


