Активна мерката за вработување – претприемништво, самовработување со кредитирање
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2023/08/Birozavrabotuvanjesologo.png)
Во Центар за вработување Велес евидентираните невработени лица како активни баратели на работа кои сакаат да започнат сопствен бизнис, можат да се пријават за учество во Проектот за самовработување со кредитирање.
Невработеното лице може да добие кредит од најмалку 5.000 евра до најмногу 10.000 евра, по негов избор како кредитобарател, а за секое новоотворено работно место дополнително по 5.000 евра, при што ќе се финансираат проекти со најмногу 5 работни места, вклучувајќи го и кредитобарателот, односно до 30.000 евра, независно од тоа дали станува збор за дејност од помал или поголем обем.
Рокот на враќање на средствата е 7 години, со вклучен грејс период од 1,5 година, без оглед на износот на кредитните средства со каматна стапка од 1% на годишно ниво. Сопственото учество од корисникот на кредитот изнесува најмалку 25% од износот на бараниот кредит во вид на опрема, предмети и/или пари. Гаранција за поврат на средствата со хипотека во однос 1:1 со одобрениот кредит, или сопствена меница авалирана од најмалку еден авалист за кој правата и обврските по однос на истата се уредени со менична изјава дадена во форма на нотарски акт и со извршна клаузула или рачен залог во однос 1:2 во износ на одобрениот кредит.
Барањето за кредит може да се поднесе во Центарот за вработување Велес, секој работен ден од 09:00 до 14:00 часот, каде може да се добијат и подетални информации за проектот.
Невработените лица можат да аплицираат и електронски преку системот е-Работа https://e-rabota.av.gov.mk
Воедно, заинтересираните лица можат да се информираат и на веб-страната av.gov.mk, како и на телефонскиот број 02/3111-850.
Оваа мерка за вработување која е дел од Оперативниот план на Агенцијата за вработување е отворена пред два дена со рок до 31 август,годинава.
Убавка Јаневска
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)