Сончево и топло со максимална температура до 38 степени
Објавено на 17 август, 2023 во 09:24
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2023/08/Screenshot_20190508-085127_Chrome-1024x623.jpg)
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22 степени Целсиусови, а максималната од 27 до 38.
Под влијание на топла воздушна маса, УХМР најавува дека во следните денови времето ќе биде претежно стабилно и многу топло. Дневната температура до недела во најголем дел од земјава ќе надминува 35 степени.
Дума.мк
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)