На ГП „Табановце“ се чека околу 40 минути, на „Богородица“ еден час

Објавено на 25 август, 2023 во 09:32

Околку 40 минути утрово се чека за влез и излез од државата на граничен премин „Табановце“ поради зголемена фреквенција на возила, додека, на на ГП „Богородица“ времето на чекање за излез од државата е околу 1 час, соопштија од Авто мото сојуз на Македонија.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

-Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, додаваат АМСМ.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.