Со воздушна поддршка и противпожарни сили од земја се дејствува врз пожарот во Чашка
Пожарот што вчера околу 12:30 часит избувна на теротирја на Општина Чашка, кај селата Ореше и Богомила се гасне и денеска. Од утрово, интервенираат десет вработени од ЈП „Национални шуми“ подружница „Бабуна“ од Велес. Таму гори дабова шума и габер. Од Центар за управување со кризи соопштија дека во текот на денот, веднаш по намалувањето на опасноста од пожарот којшто избувна во Општина Долнени, трите ПП авиони „ер трактор“ и хеликоптерот на МВР е планирано да интервенираат во Општина Чашка.
-Како воздушна поддршка, во координација на силите кои гаснат од земја, е испратен хеликоптер на Армијата на Република Македонија, што веќе неколку пати дејствува на сртот над селата Ореше и Богомила. Таму има „гола сеча“ од пред неколку години, но насобраниот отпаден материјал претставува висок ризик за гаснење од земја, додаваат од ЦУК.
Инаку оттаму информираат постои отворена можност, овие два пожара од општините Чашка и Долнени да се спојат во еден.
Инаку вчера на територија на Македонија имало вкупно 28 пожари.
Дума.мк