Црвен крст Велес и ООУ „Васил Главинов“ поделија хуманитарни пакети на возрасни лица со ниски примања
Преку хуманитарна акција во којашто учество земаа вработените и учениците од основното општинско училиште „Васил Главинов“, вчера, се обезбедија и поделија хуманитарни пакети наменети за лица со ниски примања. Од Црвен крст Велес соопштија дека хуманитарните пакети коишто содржат храна и хигиенски производи вчера, беа поделени од страна на нивни волонтери од „Клубот на млади“.
-Во текот на вчерашниот ден вкупно поделивме 17 пакети со храна и исто толку со средства за хигиена. Овие хуманитарни пакети беа наменети за лица од трета доба, поточно возрасни лица со ниски примања. Оваа хуманитарна акција е во соработка со ООУ „Васил Главинов“ и повод за истата беше 1-ви октомври Меѓународниот ден на стари лица, додаваат од велешки Црвен Крст.
Оваа општинска организација преку цела година реализира различни активности со коишто помага да се подобри животот на оваа категорија на лица. Исто така, освен во градот, дел од хуманитарната помош ја поделиле и на лица од околните населени места.
Стефани Манева