ЈКП Дервен: „Во пожарот настаната е голема материјална штета на материјали и средства за работа“

Објавено на 18 октомври, 2023 во 11:04

Велешкото јавно комунално претпријатие испрати соопштение за јавност поврзано со пожарот, што се случи вчера вечер и во којшто целосно е изгорен магацински простор на локација до Расадник, под управната зграда. Во соопштението пишува:

„Ве известуваме дека на ден 17.10.2023 година околу 19:00 часот, настанат е пожар од непознати причини во објект – Магацински простор на Сектор „Паркови и зеленило“ во сопственост на ЈКП „Дервен“.

Во пожарот е настаната голема материјална штета на материјали и средства за работа на секторот.

Настанот беше пријавен во противпожарната станица во 19:15 часот од каде веднаш е постапено и пожарот беше изгаснат во рок од неколку часа, како и во СВР Велес од каде е извршен увид на лице место,“ соопштија од ЈКП Дервен.

На лице место може да се види дека пожарот го зафатил и канцеларискиот простор на секторот Расадник.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.