Дијабетес алтернативно лекување: Лековити билки (аудио)
Кинеските лековити билки, вклучувајчи го коренот женшен ,често се употребуваат за убалажување на некои симптоми на шеќерна болест: советувајте се со стручно лице во поглед на деталниот план на лекување.
Листовите од боровинка во екстрат може да го намали нивото на кликоза во крвта и да помогнат да се одржи системот на крвните садови. При едно испитување кај дијабетичарите кои по скробно јадење јаделе крекери направени од прав од чичок , се појавил помал број случаи на хипогликемија. Кремот направен од пиперка може да ги ублажи болките поврзани со периферната невропатија, вид дијабетична невропатија.
Исто така со додавање во исхраната грчко семе можете да го намалите нивото на гликоза на крвта и нивото на исулинот додека го намалувате холестеролот во крвта.
Лукот може да го намали крвниот притисок како и нивото на шеќер и холестерол во крвта. Екстратите на гинко се употребуваат за запирање на влошувањето на видот кај пациентите . Кромидот може да ослободи инсулин кој го забрзува метаболизмот на гликозата во крфта, намалувајќи го така нејзиното ниво во крвта. Утврдено е дека свеж и варен кромид имаат такво дејство. Се смета дека кромидот е полезен за одржување на здравјето на срцето и крвните садови.
Божана Ќулавкова