Како да го намалите стресот
ЛЕКУВАЊЕ
- ПСИХОСОМАТСКО ЛЕКУВАЊЕ
Стресот можете да го намалите и со помош на биофидбек утврдуваќи го изворот на стресот и управуваќи со своите физички и психички реакции. Биофидбекот олабавува одредени мускули, ја менува електричната активноста на мозокот.
- ИСХРАНА
Бидејќи кога сте под стрес исхраната често се занемарува вложете дополнителни напори за да имате урамнотежен исхрана- многу овошје и зеленчук, храна богата со јагленихидрати, умерени количиства белковини и храна сиромашна со масти. Избегнувајте или наполно прекинете го внесувањето кофеин . Докажано е премногу количини на кофеин ја зголемува анксиозноста.
- ЛЕКУВАЊЕ ДОМА
Почнете да се занимавате со рекреација . Шетајте. Дишите длабоко.
Почнете да земате часови по јога и сами вежбајте дома.
- МЕДИТАЦИЈА
Медитацијата доведува до смирување и зголемена свесност. Кога сте под стрес размислувајте со позитивни мисли како што е : ,,Јас можам мирно да се соочам со ова, чуствувам сигурност и самодоверба, управувам со својот живот,, .
- ХИДРОТЕРАПИЈА
Хидротерапијата обично се спроведува дома и е многу полезна за намалување на стресот. Поминте 10 или 20 минути потопени во многу топла вода со морска сол и од вашето омилено масло за капање.
Божана Ќулавкова