Онлајн промоција на првиот албум на кавадаречкиот бенд „Безопасни“
30.07.2020
Промоцијата на материјалот за првиот албум на новата кавадаречка рок атракција, бендот “Безопасни“ ќе се одржи на 30 јули, четврток, со почеток во 20.30 часот. Комплетниот авторски материјал ќе биде одсвирен во живо, како најава за официјалното издание за на есен со наслов “Три“. Носачот на звук ќе ги содржи токму оригиналните материјали од концертот во живо.
Бендот “Безопасни“ е составен од искусни кавадаречки музичари кои беа членови, дел од нив и сега се активни музичари, на познати кавадаречки рок групи како „Журнал“,„ Лексикон“,„ Вуду“ и други. Бендот е составен од гитаристот Виктор Кимов, тапанарот Мане Мешков, бас гитаристот Дејан Митрев кои истовремено се и вокални интерпретаторни. Тие велат дека поголемиот дел од композициите имаат свои приказни и стилскис се различни, меѓу alternative/funk, post-pUnk, garage/junk и rock@rolla.
Промоцијата на материјалот требаше да се одржи во живо, пред публик, на почетокот на месец март, годинава но концертот се совпадна буквално со денот кога беа забранети сите јавни настапи поради пандемијата на COVID – 19.
Како гостин на концертот, со краток жив настап, ќе се појави Џез дуото “Даме и Ѓорѓи“.
Концертот е дел од проект на КСП “Подиум – Јадро“ Кавадарци, како поддршка, афирмација и продукција на независната музичка сцена и е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија./А.Д