Афористичар Коки: „Паметна жена никогаш не го прашува својот маж каде оди, туку кога се враќа“
Понеделничниот афористички поздрав на Никола Бошковски Коки до читателите на Дума.мк гласи:
„За да си ја сочува својата, понекогаш човекот е присилен да мисли со туѓа глава.“
„Штом на собраниската седница ќе се отвори некоја РАСПРАВА, политичките опоненти започнуваат да се препукуваат, недолично да се однесуваат, беспоштедно и бесрамно…да се РАСПРАВААТ.“
„Паметна жена никогаш не го прашува својот маж каде оди, туку кога се враќа.“
„Многуте мачо-авантуристи кои во младоста неуморно крстареа по разбранетите љубовни води, сега вкотвени во домашните пристаништа , чмаат хаварисани…со скршен јарбол.“
„Колку на жените јазикот им е покус, толку бракот им е подолг.“
„Лошите мажи можат да се поистоветат со лошите ученици:Честопати други им ги изработуваат домашните задачи.“
„И во љубовта, и во многуте спортови, највозбудливи моменти се последните.“
Вашиот КОКИ