Афористичар Коки: „Така е тоа денес, таткото ја фали ќерката, свекрвата синот,а жената…комшијата“

Објавено на 2 октомври, 2023 во 10:38

Прочитајте ги новите шест афоризми на велешанецот Никола Бошковски Коки. Напишани се за читателската публика на Дума.мк. Смеењето е дозволено!

-Некои луѓе со жените стојат добро, ама…понекогаш и легнуваат.

-Им верувавме на нашите економски експерти и во длабочината на нивните економски визии,затоа денес тонеме се подлабоко во сиромаштија.

-Во руралните средини со секс треба да се започне мошне рано,,пред да запее петелот што го буди комшијата.

-Дури откако се депилираше, мојата комшика се увери дека навистина има…тенки нозе.

-Така е тоа денес: таткото ја фали ќерката, свекрвата синот,а жената…комшијата.

-На нашиот голман не му причинува потешкотија што има камен во бубрегот,туку што го има тој во креветот.

Со понеделничен афористички поздрав,

Никола Бошковски КОКИ

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.