Бојан и Марјан со митинг во Велес!

Објавено на 5 март, 2024 во 10:48

Бојан Велевски и Марјан Георгиевски низ Македонија со стенд ап предизборна кампања! Текстот „МОЖЕВМЕ (мало сутра)“ е на маестрото за политички хумор Божидар Божиновски, кој се покажа како добитна комбинација на минатата турнеја со Бојан Велевски.

Митинзите, како што ги нарекоа, се во сите поголеми градови низ државата, а темата на шоуто е предизборната кампања, македонското општество и менталитет и политичка култура.

Митингот во Велес е закажан за 27 март, со почеток во 19:00 часот во велешкото кино „Киноверзум“.

Картите може да се купат во „Ескејп кафе“ и „Пабот“ и чинат 400 денари и има само 220 карти во продажба!

Ова е единствениот митиг на кој нема со сила да ракоплескате!

Влезот е без пасош, по моделот еден плус тројца неопределени!

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.