Бошков- „Коки“: Афоризми за убав почеток на работната недела
Објавено на 15 ноември, 2021 во 12:15
Прочитајте ги шесте афоризми на велешанецот Никола Бошков – Коки за кои инспирацијата е сестрана и исцрпена од секојдневнието.
Неколку понеделнички насмевки не се на одмет ?
-За многумина во политиката знам се- –од А до Ш ,но што ми вреди кога никој не ме прашува за азбуката.
-Во некои работни организации,раководните луѓе се чувствуваат како во авион:сите се врзани.
-Сите доктори не го запичнуваат прегледот со соблекување на пациентките, некои така го завршуваат.
-Ако честопати ви се случува да излегувате од кожа,обидетесе барем гаќите да ви останат на себе.
-Откако жената ќе го изневери мажот,сигурно ја измачува мислата:зошто тоа не го направила порано.
-Големите уметници во сексот,секогаш ја изведуваат својата точка на БИС.
Стефани Манева