ДУО СКУПИ оваа среда ќе одржи концерт во велешки театар

Објавено на 7 ноември, 2023 во 11:03

Во фоајето на народен театар „Јордан Х.К.Џ“ во Велес, ДУО Скупи, оваа среда, на 8 ноември, со почеток во 20:00 часот ќе одржи свој концерт на македонска музика за флејта и виолина. Сите љубители на музиката се поканети  да уживаат во звуците на флејтата отсвирени од Јета Старова Мехмети и виолина од Ермаљ Мехмети.

ДУО СКУПИ постои од 2006-та година. Со голем успех настапува на значајни, фестивали, манифестации и рецитали во Македонија, во Европа и САД.  Ова дуо е добитник на признание „DISTINGUISHED MUSICIANS“ на меѓународниот натпревар во Рагуса, Италија.

Исто така дуото е добитник на едно од најзначајните признанија во нашата држава, Статуетка за хумани и музички активноси „Мајка Тереза“.  Признаниа од USAID, ЦРВЕН КРСТ и Македонски-Бугарска Стопанска Комора. Добитници на наградата „GRAND PRIX THE BEST 2019“ од ТВ21,Скопје.

Досега, ДУО СКУПИ имаат издадено три музички албуми и тоа DUO SKUPI со преработки на стари албански песни и теми, потоа MAK SAUNDS и NEW MAK SOUNDS  со преработки на македонски и стари песни и ора.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.