Дваесетти ромски театарски фестивал „GARAVDE MUJA” во велешки Театар
Објавено на 10 декември, 2023 во 11:23
Во организација на Здружението на љубители на ромска фолклорна уметност „Романо Ило“ од Скопје, денска и утре, во Велес и во Скопје, го одржува 20-от Ромски театарски фестивал „GARAVDE MUJA”.
Учесници на фестивалот се театар Арена од Пула (Кали Сара), Република Хрватска,театар „Романе берша“ и театар „Романо Ило“ од Македонија како и театар „Суно е Роменго“од Република Србија и Санела – Емин, дипломиран актер со продукција на проект на „Романо Ило“ – 2023 и извршен продуцент Бранислав Петровски.
Локален партнер на фестивалот за Велес е Здружение „БИРЛИК-ЈЕКИПЕ“ Велес. Свеченото отварање на фестивалот ќе се одржи вечерва, со почеток во 19:00 часот, на малата сцена на Театар „Јордан Џинот “ во Велес.
Убавка Јаневска