(фото и видео) Одбележани 117 години од раѓањето на Геоги Шоптрајанов во велешката библиотека
Пред многубројна публика во Медијатеката на велешката библиотека, денеска, се одбележаа 117 години од раѓањето на велешанецот Георги Шоптрајанов кој е еден од личности со кои Велес се гордее. Тој е пример како големите македонски интелектуалци остануваат во служба на својата татковина, иако школуван во Франција тој целиот свој живот го посветувал на унапредување на литературата, лингвистиката и јазикот во својата родна земја.
Директорката на велешката библиотека, Снежана Бошевска се обрати пред пристуните и напомена дека овие настани придонесуваат учениците дополнително да се запознаат со делото на Шоптрајанов и напомена дека треба да се негуваат сите значајни личности за градот.
Ученичките Марија и Мила го претставија живтот на Шоптрајанов, а потоа во чест на преведувачката дејност на професорот Шоптрајанов, ученици од ООУ „Васил Главинов“ читаа на француски јазик.
На самиот крај на настанот, свое обраќање имаше и историчарот Слободан Ников кој зборуваше за животот и делото на Шоптрајанов од историска гледна точка.
Настанот беше организиран од страна на Локална библиотека „Гоце Делчев“ и Општина Велес.
Стефани Манева