Граѓански фото објектив – Езеро Младост
Објавено на 11 декември, 2023 во 12:23
Овој понеделник повторно ни пристигна нова фотографија од нашиот читател и соработник Атанас Крлевски за којашто вели:
„Езерото Младост или Велешко езеро е вештачко езеро близу Велес. Има повеќе намени: туризам – угостителство, спорт и рекреација како и за наводнување. Езерото со околината е атрактивно за фотографирање. На мојата фотографија, езерото е прикажано во пролетен амбиент“, додаде Крлевски.
Дума.мк ги поканува граѓаните од Свети Николе, Велес, Чашка, Градско, Росоман, Кавадарци, Неготино и Демир Капија да станат наши граѓански фото репортери.
Да ги овековечиме убавините на вашите градови и на Македонија!
Дума.мк