Издумани Крлевизми: „Ако постои економска олимпијада, нашите цени би се такмичеле во скок со стап!“

Објавено на 27 јуни, 2025 во 09:27

Афористичарот и сатиричар Атанас Крлевски, за денешниот ден, ги избра следниве 10 напишани афоризми за заедницата на читатели на Дума.мк коишто се инспирирани од секојдневниот живот на граѓаните. Прочитајте :

  1. Ако цицаш од државни јасли, одвикнувањето е тешко.
  2. Се борат за ред, а организираат нереди?!
  3. Денес до успехот побрзо се стигнува по кус пат.
  4. Сѐ околу нас е како измислено, па затоа сите како да мислиме.
  5. Живее на висока нога. Носи штикли 21.
  6. Тесните кругови имаат широко поле на дејствување.
  7. Полуписмените тешко се описменуваат. Мислат дека се писмени.
  8. Рејтингот му скокна… во бара!
  9. Ако постои економска олимпијада, нашите цени би се такмичеле во скок со стап.
  10. Дипломата му е лажна, а функцијата измислена. Вистинска му е секретарката.

Атанас Крлевски

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.