Изложба на слики на велешанецот Антонио Јаневски – „Неславни прикази“

Објавено на 2 декември, 2021 во 11:10

Антонио Јаневски роден 1991 година во Велес, има завршено Факултет за ликовни уметности во Скопје, во класата на Димитар Малиданов и Славица Јанашлиева. Своето образование го продожлува и магистрира во 2016 година кај професор Благоја Маневски.

Негови дела изложувал како на самостојни така и на групни изложби. Исто така, негови дела има изложувано и во Италија и во Хрватска. Тој инсистира на тоа дека нема ништо гламурозно во неговите слики и предпочита  да ги открива темите на неговите дела само на оние кои се вистински љубопитни и заинтересирани. Композициите на Јаневски често се карактеризираат со доминантна боја, како и со остри контрасти. Тој моментално го истражува концептот на разбирање на медиумот на сликарството како современ начин на изразување. Многу често во составот, има одредена доминантна боја, но главно палетата е силна, остра и контрастна.

„Тој во моментов работи на проектот „Метастаза“. Дигиталниот медиум е првата директна врска со првичната идеја. Слободата на одење напред и назад во процесот на создавање дозволвуа поголема свесност за составот на едно друго, повисоко ниво. Компонирање во вистинско значење. Изразот како што обично го знаеме ќе дојде подоцна“, соопштија од ЛУ Народен Музеј Велес.

Изложбата на слики „Неславни прикази“ ќе биде отворена утревечер, петок, 3 декември, во Ликовен салон Велес со почеток од 19:00 часот. Изложбата е финансиски поддршжана од страна на Министерството за култура, во рамките на Годишната програма за остварување на националниот интерес во културата за 2021 година.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.