Изложба „Воодушевувачки впечатоци: Колекцијата Енигма“ на академскиот сликар Синиша Кашавелски во Ликовен салон Велес
Љубителите на ликовната уметност во Ликовен салон Велес ќе можат да видат поставка на којашто преку мал сегмент на 10 дела од поголемиот творечки опус на академскиот сликар Синиша Кашавелски претставена е мистеријата преточена на платно на внатрешниот свет на овој македонски автор. Според Елица Николовска, пензиниран историчар на уметноста и виш кустос на Народен музеј Велесуште од самиот почеток на својата уметничка кариера Кашавелски се определува да го следи надреализмот како правец, а покасно во делата почнува да внесува елементи од македонската традиција, којашто е многувековниот носител на исконот низ времето.
-Ни дозволува да влеземе во неговиот мистичен уметнички свет и преку сликите на внесува во светот на симболите,загатките и емоциите,преку уникатните уметнички дела,појасни Николова.
Мистеријата на женскиот дух и тело најчесто фигурираат во делата на Кашавелски. Неговата инспирација од праисториската Магна матер,мајка прародителка, мајка богинка, која во современото живеење го има надополнето својот идентитет на мајка домаќинка, чувар на огништето, во работничка, револуционерка, која во неговите дела е воздигната на еден магичен пиедестал, до дела со поизразена лирска нота прикажана преку генезата на женственоста која ги носи пораките.
Академскиот сликар Александар Јовановски, во улога на промотор на изложбата, за колегата Кашавелски преку цимерството од престојот во Париз, потсети дека живееме во време во кое исчезнуваат вистинските вредности преку покажаните алчност, завист и цинизам.
-Пред нас имаме показ и доказ, една мистична идеја да не потсетува на минатото и да ја исполнува сегашноста со таква силна порака за иднината. Пред нас имаме едно врвно творештво кое го потврдува и светската критика,потенцира Јовановски.
Авторот на изложбата Синиша Кашавелски појасни дека изложбата е мала ретроспектива за 10 години творештво, по последната негова изложба во Македонија од 2014 година.По неа сите ове години тој творел и изложувал насекаде во светот,а со оваа изложба повторно и се претставува на домашната јавност.
– Сликите се од мојата колекција,за сликите во принцип многу не зборувам тие треба да се видат. Сликите се големи-галериски формати по некои светски стандарди затоа што излагав во Кина, во Франција каде има големи музејски простори и по принцип бараат поголеми слики, додаде Кашавелски.
Синиша Кашавелски е добитник на престижни светски награди и признанија.Најновото признание кое уметникот го доби деновиве, е специјалната награда Artelibre на ModPortrait Contest, а награденото дело оди на изложбата на финалистите на Европскиот музеј за модерна уметност MEAM во Шпанија.
-Оваа награди многу значи бидејќи е најрангирана во светот на областа на реализмот,а ја добив во светска конкуренција на 5 до 6 илјади уметници од 80 земји од цел свет.Оваа награда ме рангира меѓу Топ 10 реалисти во светот,што многу ми значи,појасни Кашавелски.
Инаку оваа изложба по Куманово, Кавадарци и Велес, во април, година, ќе биде претставена во САД, потоа и во Швајцарија а кон крајот на годината и во Кина и Азија и во други земји и континенти во светот.
Убавка Јаневска