Кавадаречките играорци на турнеа во Турција и промоција на книга раскази во Дом на култура „Иван Мазов – Климе“
Фолклорниот ансамбл „Тиквеш“ при Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ од Кавадарци од четврток, 21 јули до 26 јули, годинава, ќе учествува на реномираниот Меѓународен културен фестивал којшто по 21 пат ќе се одржува во општина Ерба, Република Турција.
-Заминувањето и учеството на фестивалот го овозможија Дом на култура “Иван Мазов – Климе“, Градоначалникот и Советот на општина Кавадарци, а голема е и помошта на повеќе компании и фирми: Слога, ДМД Оил, Кожувчанка, Мерлин, МИ Комерц, З Транспорт, Ресторан Ексклузив, Винарија Тиквеш, Минекс Маркети, ВВ Гоце Делчев, Деспина Комерц и Екстра Меин. Голема благодарност на сите кои погнаа. Им посакуваме успешни настапи на кавадаречките играорци, најголемите кавадаречки културни амбасадори, соопштија од Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци.
Исто така, во Галеријата при Дом на култура во петок, 22 јули, во 19:00 часот, ќе биде промовирана книгата раскази „ Расчеречени души македонски“ од Нове Младеновски.
Наскоро ќе биде отворена и изложба на познатиот ликовен уметник и мозаичар Саимир Страти од република Албанија.
Стефани Манева