Коки: „И годинава нудистите летуваа на море, а голите останаа дома“

Објавено на 6 ноември, 2023 во 12:28

Понеделнички, да тргне неделата, со малку повеќе хумор и сатира како и со надеж дека ќе биде топла како сонцето во доцна есен, афористичарот Никола Бошковски Коки за публиката на Дума.мк ги напиша шесте нови афоризми. Прочитајте ги:

– Мажот ја освојува жената, се додека таа не го зароби.

-Кога е полна собраниската сала, наликува на огромна”турли-тава”,внатре има се и сешто.

-И годинава нудистите летуваа на море, а голите останаа дома.

-Многу убав,современ развод: Нему автомобилот,нејзе станот, а децата…на бабата.

– Со рестрикцијата на струјата и ограничувањата на грејните тела, ќе бидете мошне благодарни ако комшивката ви го загрее креветот.

-Бракот е како виното: На почетокот сте пијани, а потем доаѓа главоболката.

КОКИ

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.