Роденденски саем на книга во градската библиотека во Велес
Стотици книги за сечиј вкус и за сечиј џеб се изложени за продажба на Саемот на книга во локалната библиотека Гоце Делчев. Пет издавачки куќи се застапени на овогодинешниот саем, Култура, Наша култура, Едука мак, Македоника литера и Феникс. Овие издавачки куќи нудат најразлични жанрови, од актуелни бестселери до стручна литература. Во наредните седум дена велешани ќе имаат можност да си го купат омилениот наслов и тоа со саемски попуст.
„При изборот на издавачките куќи се трудевме да бидат оние кои се занимаваат со различни жанрови. Сметаме дека можат да се најдат книги за сечиј џеб и за сечиј вкус“, рече Игор Крајчев директор на локална библиотека „Гоце Делчев“.
Инаку саемот на книгата се реализира по повод 4 февруари, роденденот на патронот на библиотеката „Гоце Делчев“. А по истиот повод библиотеката организира и литературен конкурс./Д.С