Фестивалско деби на религиозниот филм „Пресвета Богородице спаси не“ !

Објавено на 19 ноември, 2012 во 14:33

На престижниот фестивал Радонеж во Русија ќе се случи првото фестивалско прикажување на филмот на режисерката и актерка Весна Димитровска. Таа го игра ликот на Мајката Божја во овој прв документарно игран филм снимен во Македонија на религиозна тема.

 

„Вистинските работи се случуваат во вистински момент и не е на нас да одлучуваме за мигот бидејќи тоа само Бог го знае. По четири години снимање, монтажа и искушенија, филмот ја доживува својата светска премиера и тоа токму во Русија, во Москва, во земјата на православието и уметноста каде  започнува една поинаква мисија, на светско ниво, бидејќи таму моќно ќе оддекне Словото Божјо од Библиска Македонија,“, рече Димитровска.

На фестивалот во Русија ќе има преставници од сите првославни цркви во светот меѓу кои за првпат и на Македонската православна црква. Токму филмот ќе ја прикаже вековната верба во Христа и верноста на македонскиот народ во неговата единствена црква. Тоа ќе се случи во Москва, во вистинско време за Македонската православна црква кога освен афтоќефалноста и се проблематизира и меѓународното признавање, рече секретарот на Повардарската епархија ѓакон Влатко Стојменов.

„ Филмот е од непроценливо значење бидејќи со своето прикажување уште еднаш ќе го потсети христијанскиот свет за древноста и местото на Македонската православна црква меѓу православните цркви и православните народи во светот”, рече ѓакон Стојменов.

Филмот  „Пресвета  Богородице спаси не“ на фестивалот Радонеж во Москва патува со благослов од Владиката Агатангел. Токму, со прикажувањето на овој седумдесет минутен играно документарен филм годинава ќе биде отворен фестивалот во Русија, што ќе се одржи од 24 до 27 ноември.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.