Уметнички дела на Наумовска и Демири изложени во Неготино!

Објавено на 18 мај, 2013 во 18:07

Неготинските љубители на ликовната уметност, вчеравечер, имаа можност да видат дел од најновото тврорештво на уметниците Касиопеја Наумовска и Осман Демири.

Изложбата беше отворена во галеријата на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев” од страна на директорката Мирјана Јованова.

Таа ги претстави двајцата автори велејќи дека нивното големо уметничко творештво заслужува внимание на јавноста.

„ Се имаат претставено на  бројни самостојни изложби во Македонија и надвор од неа.  Бројни се исто така и групните  изложби во земјава и странство во кои имаат учествувано.“

Изложбата ќе биде отворена, неделава кога ќе можат да ја посетат неготинци.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.