Шест нови афоризми на Коки за читателите на Дума.мк
Објавено на 5 јуни, 2023 во 10:31
Прочитајте ги новите шест афоризми од афористичарот Никола Бошков – Коки и започнете го денот со насмевка. Уживајте:
-Животот без жени е празен, а со нив, полн со проблеми.
-Ве уверувам дека во нашето судство, постојат многумина сериозни судии и адвокати: нив не можете да ги купите за смешни пари.
-Штом ќе престане креветот, тогаш ќе започне да крцка…бракот.
-Многуте сопруги веруваат дека во фирмите се случуваат итни, неодложни состаноци, но не веруваат дека записниците се водат на кошулите…со кармин за усни.
-Она што не се гледа во бракот, се слуша при разводот.
-Луѓе, почесто прегледувајте ги орманите, можеби во нив ќе најдете поголеми штетници од молците.
Афористичар
Никола Бошков Коки