Коки: „Додека некои луѓе бараат „место под сонце“, други се задоволуваат со ладовина.“

Понеделнички започнете го денот со насмeвка. Нови афоризми од велешкиот афористичар Коки. Уживајте!X
-Туристичката сезона штотуку започна: многуте НУДИСТИ ќе летуваат на море, а ГОЛИТЕ ќе останат дома.
-Можеби по завршените избори некои политичари очекуваат да им симнам капа, но на овие летни горештини не чувствувам потреба да одам гологлав.
-Додека некои луѓе бараат „место под сонце“, други се задоволуваат со ладовина.
-Откако беше присилена секојдневно да оди на ПРОБНА работа ,на мојата сексипилна комшивка и премалеа нозете…а постојат толку многу пребирливи директори.
-Во љубовта мажот го прави првиот чекор, а жената.. расчекор.
-Од дневната политика, ниту во ноќите немам мир: постојано ме измачуваат ноќни кошмари, ме обвиваат и влечат во длабочина огромно ОКТОПОДИ, ме колваат ЦРНИ ОРЛИ, ме раскинуваат крвожедни ЛАВОВИ…
-Им изразувам голема благодарност на уредниците на вечерната ТВ програма: жена ми секогаш заспива пред мене.
Афористичар Никола Бошков Коки
Дума.мк
