Коки: „Кога мажот ќе „прогледа“ на слепата љубов и е дојден крајот“

Објавено на 13 мај, 2024 во 09:31

Седум нови афоризми од велешкиот афористичар Коки за читателите на Дума.мк. Започнете ја работната недела со насмевка. Уживајте:

-Кога мажот ќе „прогледа“ на слепата љубов и е дојден крајот.

-Политичарите кои предизборно си ги сменија страните, сега ќе ги заземат ветените функционерски места и …туѓите ставови.

-И за докажувањето на невиноста потребно е одредено искуство.

-Некои нутриционисти вложуваат голем труд и напор кога се обидуваат да ги мотивираат луѓето да започнат да консумираат…добиточна исхрана.

-Сексот со задоволство го практикуваат интелигентните и образуваните луѓе, па затоа баба ми вели дека сексот е интелектуална работа, а дедо ми: дека сексот е забава и за сиромашните луѓе, ама…ниту тие не можат гладни.

-Откако оженетиот човек ќе се најде во пеколот, дури тогаш ќе почувствува дека тоа е неговиот вистински, заслужен одмор од брачните должности.

– Таа немаше светла иднина, се што постигна беше остварено во темница.

Афористичар

Никола Бошковски Коки

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.