Коки: „Не обидувајте се да ја барате својата среќа онаму, кадешто многумина луѓе ја изгубиле“

Објавено на 2 септември, 2024 во 11:02

Велешкиот афористичар Никола Бошков – Коки за читателите на Дума.мк испрати нови седум афоризми. Прочитајте ги и првата работна седмица од месец септември започнете ја со насмевка. Уживајте:

-Не обидувајте се да ја барате својата среќа онаму, кадешто многумина луѓе ја изгубиле.

-Политичарите кои предизборно си ги сменија страните, сега ги зазедоа ветените функционерски места и…туѓите ставови.

-Единствено во групниот секс можете да се чувствувате релаксирано, без да стравувате дека ќе бидете повикани на колективна одговорност.

-Момчиња, воопшто не е важно какви сте во очите на девојките, туку…какви сте меѓу нивните нозе.

-Брачниот брод најчесто потонува затоа што мажот, како капетан на бродот, последен ја напушта …љубовницата.

-Постојат жени кои можат недвосмислено да се поистоветат со математичарите: ги посакуваат непознатите големини.

-На моите комшии конечно им успеа да си го средат бракот: некогаш тој ја СРЕДУВА нејзе, другпат таа го СРЕДУВА …него.

Афористичар Николав Бошков – Коки

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.