„Во пролет сите жени се убави, особено туѓите„ – шест нови афоризми на Коки

Последниот понеделник од месец февруари започнете го со насмевка. Афористичарот Никола Бошков „Коки“ ни испрати шест нови афоризми по повод христијанскиот празник „Прочка“ со порака:
„Среќен празник! Простете ако нешто сум Ви згрешил. Простено нека Ви е од мене и од Бога“.
Во продолжение уживајте во новите афоризми:
-Во пролет сите жени се убави, особено туѓите.
-Приказните на некои наши политичари, секогаш имаат среќен крај, сите се среќни кога тие ќе завршат со раскажувањето.
-И мојата колешка се вклучи во поделбата на работата, на директорот му ги троши парите, а на сопругот…паметот.
-Заради една кожна ташна, некои жени во состојба се на своите мажи да им ја одерат кожата.
-Мојот пријател штотуку го регистрираше, новиот луксузен автомобил, но со женаму и понатаму живее невенчано.
-Нашиот одбранбен фудбалер им ги „кршеше“ срцата на многуте обожавателки, но и нозете…на противничките играчи.
Афористичар
Никола Бошков – Коки
