Младите стрипаџии и даваат шанса на инклузијата, ќе подготвуваат стрипови за пријателства кои ги надминуваат етничките разлики

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на Грантот “All we are
saying is GIVE INCLUSION A CHANCE!“ од вториот повик отворен за предлози за Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на програмата „Градиме нови мостови“ на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Целта на проектот е да се зајакне капацитетот на младите луѓе без разлика на етничките разлики да користат стрипови како соодветна културна алатка за промовирање на меѓуетнички дијалог, граѓански вредности и борба против дискриминацијата.
Координаторот на проектот Томе Трајков ги соопшти повеќе активности но како прва е стрип талентите да изготват стрипови на тема за прикажување на пријателства што ги надминуваат културните и националните граници хагласувајќи како заедничките вредности можат да ги премостат разликит.

-Како и на тема б, фантастични или научно-фантастични светови каде што се спојуваат ликовите од различно културно потекло, формирајќи сојузи и пријателства кои ги надминуваат измислените културни поделби. Овој повик е веќе испратен до сите училишта во државата и трае до 30 март 2024 година. Потоа ќе биде организирана четиридневна едукативна стрип-работилница со избрани 12 млади таленти од различни етнички и географски средини кои заедно со програмскиот координатор и едукаторот треба да ги доработат и усовршат своите стрипови. Публикување на соодветен каталог каде ќе бидат објавени стриповите, а ќе бидат претставени и младите автори, додаде Трајков.

Проектот е планирано за заврши во месец јуни, годинава и на самиот крај да се направи тематска ФБ група како и организирани пет изложби во различни етнички и географски средини во државата.
Стефани Манева
