Неколку културни настани во Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци
Во наредниот период во организација на Дом на култура следуваат четири културни настани.
Реприза на претставата “Како да (не) снимиш мрсен филм“ во режија на Диме Коцевски а во изведба на Театар при Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци е првиот културен настан којшто ќе се случи утре, среда, 22 јуни со почеток во 20:00 часот.
Потоа, во четврток, 23 јуни, во рамки на “Кавадаречко културно лето 2022“, ќе се одигра детската претстава “Бајка за најките“ во режија на Димче Бањански, а во изведба на театарската група при Дом на култура “Мирка Гинова“ Демир Капија. Претставата ќе биде одржана во ресторан – тераса „12 Другари“ во месност Моклиште со почеток во 19:00 часот.
Во Дом на култура Кавадарци повторно ќе биде изведена реприза на претставата “Како да (не) снимиш мрсен филм“ во сабота, 25 јуни, со почеток во 20:00 часот.
Во Галерија при Дом на култура Кавадарци, во понеделник, 27 јуни, ќе се одржи концерт на Страшо Темков и Сара Пројковска насловен како “Тиквешка рапсодија“. Почетокот на овој културен настан е закажан за во 19:00 часот.
Стефани Манева