Објавен меѓународниот конкурс за стрип – Велес  2023

Објавено на 13 март, 2023 во 11:41

Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес, го објави традиционалниот Меѓународен конкурс за стрип. Право на учество имаат сите автори од цел свет, без разлика на полот и возраста. Темата на стрипот е слободна и секој автор, без разлика дали цртач, туш, колор, може да учествува со само еден стрип. Исклучот за сценаристите каде се дозволува едно лице да направи сценариот за повеќе стрипови.

– Должината на стрипот да биде од 1 до 6 табли, и тоа на А4 формат (мин.300дпи ако се испраќа по електронски пат). Доколку стрипот е на една страна треба да биде со најмалку 5 сликички. Да напоменеме, доколку стрипот е во боја, препорачливо е истиот да се испрати преку пошта или достави лично.  Стриповите нема да бидат вратени. Со самото испраќање организаторот се стекнува со право да ги објавува и презентира заедно со авторите во склоп на промоција на своите активности. Учесниците коишто се во основно образование треба да се насочат кон своите основни училишта заради раширување на информацијата, организирано пријавување како и избор на тема за цртање. На еден стрип можат да работат повеќе автори, притоа да се напише кој што направил: сценарио, молив, туш. Сите стрипови од македонски автори треба да бидат на македонски јазик и кирилско писмо. Сите пристигнати стрипови ќе бидат земени во конкуренција за изложување во склоп на изложба на Салонот на стрип со реална можност за друг вид на промоција, соопштија од Стрип центар на Македонија Велес.

Заедно со стрипот потребно е да се испрати лична биографија, име и презиме со фотографија, датум на раѓање, адреса и држава од каде е авторот, е-маил како и година кога е стрипот нацртан. Исто така на сите стрипови треба бидат наведени авторите како и називот на стрипот. Од Стрип центар Македонија Велес соопштија дека пристигнатите стрипови, без овие информации, нема да бидат земени во предвид за награди.

Пристигнатите стрипови ќе бидат разгледани од тричлена интернационална комисија која што ќе направи избор и ќе ги предложи следните награди:  Прва награда, 300 ЕУР – ”Златен стрип”, изданија и диплома за прво место.  Втора награда ”Сребрен стрип” и диплома за второ место. Трета награда,”Бронзен стрип” и диплома за трето место. Награда за најдобро сценарио, диплома. Награда за најдобар млад автор до 18 години, диплома.  Други специјални награди.

Сите заинтересирани своите стрипови може да ги испратат до 10.08.2023 година на следните начини:

До адреса: Стрип Центар на Македонија – Велес (за конкурсот), Ул. Васил Ѓоргов, бр.78 ,1400 Велес, Република Македонија.  Или преку Е-маил :stripkonkurs@gmail.com.

За повеќе информации заинтересираните може да се јават на  горенаведениот емаил и на веб страната www.stripcentar.mk .

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License