Понеделник резервиран за насмевки – шест нови афоризми на велешкиот афористичар „Коки“
Објавено: 31 јануари, 2022, во 10:27 часот
Нашиот афористичар Никола Бошков „Коки“ повторно издвои шест интересни афоризми за читателите на Дума.мк. Неговите афоризми којшто ја опишуваат реалната слика на животот кај вас ќе предизвикаат насмевка што е и негова крајна цел. Убава работна седмица и среќен празник на сите наши читатели!
-За добрата Мачка секој месец е февруари.
-Не сме во состојба сите да се вакцинираме против разно-разните варијанти на грипот, но затоа можеме сите да се насочиме кон варено вино и ракија.
-Добар е само оној маж кој заспива тогаш кога се разденува.

-Постојат возачи кои повеќе ги ценат пешаците на шаховската табла, отколку оние на пешачките премини.
-Дали човекот често ги менува жените најмногу зависи од менувачот.
-Кога мојот директор ќе направи нешто исклучително секогаш се удира во градите…на својата секретарка.
Афористичар
Никола Бошков – Коки

