Претставата „Нема струја за електричниот стол“ на велешки театар гостува во Београдско драмско позориште
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2023/11/nema1.jpg)
Велешкиот театар на крајот од месец ноември, поточно на 29, ќе гостува во Београдско драмско позориште. Претставата „Нема струја за електричниот стол“ од Александар Секулов, а во режија на Дејан Пројовски, ја имаше својата премиера во април 2023 година на сцената „Петре Прличко“ во „Ј.Х.К Џинот“.Приказната е сместена среде апокалиптична околност во која се поместени двата лика – оној што е осуден на смрт со електричен стол и оној што треба да ја изврши осудата. Дијалогот пласира луцидна, иронична и саркастична приказна, која низ мултинаративен систем генерира уникатно сценско доживување. Овој мултимедијален проект има цел да ги преиспита границите меѓу сценското дејство, филмскиот израз и видео анимацијата преку постојаното претопување на различните медиуми во единството на театарската претстава.
-Претставата беше изведена на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп, на Интернационалниот фестивал на монодрамата во Битола – во чест на фестивалските лауреати и на Интернационалниот театарски фестивал „Сцена на крстопат“ во Пловдив, Р. Бугарија. Покрај Секулов и Пројковски, претставата ја потпишуваат: Сашо Димоски – драматург, Сашко Костов – композитор и изведувач на музиката во живо, Филип Коруновски – автор на сценскиот дизајн и постерот за претставата, Борче Конзулов – автор на анимациите и Данчо Стефков – реализација на камери во претставата.
Ова е прво гостување на велешкиот театар во оваа реномирана театарска куќа. Гостувањето е дел од меѓународниот протокол за соработка „Наши денови“, чии потписници се Београдско Драмско Позориште, Српско Народно Позориште Нови Сад, „Ујвидеки Шиназ“, Нови Сад, театар Џинот, Велес.
Стефани Манева
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)