Промовирана детската сликовница „Кошница со овошје“ од велешанката Сања Стојанова

Објавено на 7 јуни, 2023 во 10:17

Детската сликовница насловена како „Кошница со овошје“, е првенче на велешанката Сања Стојанова и истата, вчера, во Медијатеката на градската библиотека „Гоце Делчев“, беше промовирана пред многубројна публика. Детскиот џагор и смеа, се слушаа низ просториите на библиотеката.

Промотор на сликовницата е писателот Панче Коцев, додека илустрациите се дело на Надица Златкова Митевска којашто е графички дизајнер и илустратор со долгогодишно работно искуство.

За време на промоцијата, при своето излагање, Стојанова откри дека пишувањето е нејзино секојдневие изминативе години, но до овој момент, чуствувала несигурност во себе за истото да го обелодени.

– По толку подеми и падови, се гордеам со себе што го напишав ова првенче. Се надевам ќе ви се допадне и вам, додаде  Стојанова.

Промоцијата на оваа детска сликовница, беше збогатена и со работилница на којашто присутните дечиња цртаа овошје во кошница.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.