Промовирано делото „Во светот на научната фантастика“ на велешанецот Љубомир Михајловски (фото)

Објавено на 16 февруари, 2023 во 15:16
Фото: Автор Љубомир Михајловски

Научната фантастика за која велешанецот Љубомир Михајловски пишува е област која со неговите дела ја збогатува светската книжевна ризница со цел да го освести човештвото за најголемата опасност на неговото постоење, од мрачната старана на човековиот ум. Во Медијатеката на градската библиотека „Гоце Делчев“, денеска, беше промовирана енциклопедијата „Во светот на научната фантастика“ којашто е прва книга издадена на државно ниво поврзана со теорија и историја на научната фантасика.

Фото: Промоција на делото

Промоторот Миле Костов пред присутните рече дека сите ние имаме способност да создадеме свој универзум кој ќе биде идеален, потоа, напорно да работиме да го прилагодиме овој универзум во којшто живееме со оној што го замислуваме.

Фото: Промоторот Миле Костов

-Денес ќе се префрлиме за миг во еден таков универзум. Во универзум во којшто се започнува. Во универзумот на чистата мисла. Онаму кадешто се е можно. Онаму кадешто ги нема пречките на физичкиот универзум. Токму таму не води Љупчо Михајловски „Во светот на научната фантасика“. Тој ни дава преглед на историјата, развојот и медиумите на изразување на ова творешство од најраниот период, па до денес, опфаќајки го светсткото и македонското творештво, додаде Костов.

Авторот на делото пак потенцираше дека секој човек има право да биде нормално ментално развиен и самиот да се развива како таков, а за истото да биде постигнато, треба да многу да се чита.

Фото: Љупчо Михајловски

-Секој треба да има свој карактер и да има сопствено размислување со цел да создаде став кадешто ќе може цврсто да каже „Не“. Бидејќи тоа што се прифаќаме е одење по широк пат и нема квалитетен живот. Секој човек, секоја единка си е оргинална за себе и си носи свој универзум во себе и секој универзум е достоен да биде испрезентиран и да не го чува човекот во себе. Нема да создадеме ништо ако постојано молчиме и прифаќаме се, на погрешни места кажуваме свое мислење. Мислењето се кажува секогаш кога ќе испадне од душа, додаде Михајловски.

Фото: Присутните ја разгледуваат енциклопедијата

Книгата е во издание на Центар за научна фантастика Македонија којашто во 2025 година ќе слави 40 години постоење.

Фото: Волонтерки од Младински центар Велес

На денешната промоција, три волонтерки од Младински центар Велес, на парче хартија ја нацртаа својата фантазија за иднината и ја презентираа пред присутните. Секоја од нив мечтае да живее во чиста еколошка средина.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.