Првачињата од велешките училишта го одбележаа светскиот ден на литературата за деца

Објавено на 2 април, 2025 во 14:51

Првачињата од четирите основни училишта во градот, денеска, имаа можност во медијатеката на градската библиотека „Гоце Делчев“ да се дружат заедно со авторката на книгата „Првачиња Ета и Влатко дете слатко“ Ксенија Маказлиева Трајчева. За време на работилницата тие учеа, решаваа квизови, цртаа, играа на едукативна музика и на тој начин го одбележаа светскиот ден на литературата за деца. .

-Пред околу една година излезе од печат мојата книга којашто е наменета токму за првачињата, бидејќи сите раскази се пишувани по актуелната образовна програма на еден интерактивен начин, секој расказ има свој предизвик што треба детето може да го сработи со своите другарчиња, наставниците или со родителите. Дел од расказите се и синхронизирани и тие се поставени по пат на „QR“ кодови со цел да можат децата сега преку современата технологија да ги слушаат приказните до цел да го слушаат правилниот говор и изговор на македонскиот јазик за подоцна кога ќе бидат целосно описменети да можат правилно да го прочитаат тесктот, објасни Маказлиева Трајчева.

Работилницата којашто беше поделена на два дела беше организирана од страна на велешката библиотека „Гоце Делчев“ по повод 2 април, светскиот ден на литературата за деца.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.