Шест нови афоризми на велешкиот афористичар „Коки“

Објавено на 11 април, 2022 во 10:18

Афористичарот „Коки“ со шест нови афоризми за читателите на Дума.мк. Тој секој понеделник има иста цел, да го разубави вашиот ден и работната седмица да Ви започне со многу насмевки.

Започнете ја работната недела со кафе и доза насмевки, благодарение на афоризмите коишто секој понеделник ги одвојува овој велешнец:

-Ниту Боемите не се веќе она што беа: многумина од нив се откажаа од убавите девојки и скапите вина… премногу се скапи.

-Кога поаѓате на гости, домаќинот ќе ви биде мошне благодарен ако наместо ексклузивно шише вино, му подарите шише..масло за јадење.

-На ќерката на моите пријатели бебето и е на пат, а патот…вонбрачносмерен.

-Искусните секретарки секогаш знаат што мисли директорот, особено кога треба да останат на работа по истекот на работното време.

-Нашите спортисти своите подготовки ги обавуваат во познатите туристички центри за да научат од келнерите како на гостите им се зема мерка.

Афористичар

Никола Бошков – Коки

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.