Стрип центар на Македонија – Велес започнува со стрип изложби, првата во Куманово

Најдобрите дека од наградниот стрип конкурс ќе бидат изложени на првата стрип изложба во Куманово којашто е дел од грантот „ДА И ДАДЕМЕ ШАНСА НА ИНКЛУЗИЈАТА!“. Стрип центарот на Македонија од Велес ќе организира пет изложби како дел од грантот а во Куманово ќе ја отвори на 28 мај, денеска, со почеток во 14:00 часот во Занатскиот дом.

-Да потсетиме дека на конкурсот се јавија 263 млади автори од различни етнички и географски средини .Воедно, дел од учесниците на овој конкурс учествуваа на неколкудневна стрип работилница во село Нежилово, Велешко кадешто ги усовршија и доработија своите стрип дела .Исто така ќе се промовира и соодветен каталог каде се објавени стриповите, со претставување и на самите автори, нивните училишта и ментори, вели Томе Трајков од велешкиот стрип центар.

Инаку, овој грант е дел од вториот повик отворен повик за предлози за Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на програмата „Градиме нови мостови“ на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Стефани Манева
