Стрип центарот на Македонија го објави традиционалниот Меѓународен конкурс за стрип

Конкурсот составен дел е од активностите на традиционалниот 23 Мегународен стрип салон “ Велес 2025“ којашто е најзначајна стрип манифестација во државата. Според Томе Трајков, програмски координатор преку овој салон , македонскиот стрип центар разви импресивна стрип соработка.
-Без лажна скромност на меѓународно ниво се прерасна во организација којашто е ментор и ја помага стрип сцената во други земји но и се стекна со статус на Чадор организација на актуелната македонска стрип сцена
За учество на Меѓународниот конкурс заинтересираните стрип автори од светот треба да ги исполнат пропозициите какошто се должината на стрипот да биде од 1 до 6 табли, и тоа на А4 формат, минимум до 300 дпи ако аплицираат по електронски пат или доколку стрипот е на една страна потребни се најмалку 5 сликички. Исто така:
– Стриповите нема да бидат вратени. Со самото испраќање организаторот се стекнува со право да ги објавува и презентира заедно со авторите во склоп на промоција на своите активности.
– Tемата на стрипот е слободна. Секој автор, цртач, туш или колор, може да учествува со само еден стрип. Исклучок има за сценаристите каде се дозволува едно лице да направи сценарио за повеќе стрипови.
– На еден стрип можат да работат повеќе автори (притоа да се напише кој што направил: сценарио, молив, туш и слично.
– Заедно со стрипот да се испрати лична биографија (име и презиме со фотографија, датум на раѓање, адреса и држава од каде е авторот, е-маил како и година кога е стрипот нацртан. Исто така на сите стрипови треба бидат наведени авторите како и називот на стрипот. Пристигнатите стрипови, без овие информации, нема да бидат земени во предвид за награди.
– Стриповите од македонски автори ќе имаат предност при оценување доколку бидат на македонски јазик и кирилско писмо.
– Сите пристигнати стрипови ќе бидат земени во конкуренција за изложување во склоп на изложбата на Салонот на стрип ВЕЛЕС 2025 со реална можност за друг вид на промоција.
Пристигнатите стрипови ќе бидат разгледани од тричлена комисија која што ќе направи избор и ќе ги предложи за награди. И тоа Прва награда, „Златен стрип“ во висина од 300 ЕУР, изданија и диплома за прво место, втора награда „Сребрен стрип“ која е парична и диплома за второ место, во зависност од финансиската моќ како и трета награда, „Бронзен стрип“ која е парична, во зависност од обезбедените финансиски средства заедно со диплома за освоено трето место.
Исто така ќе бидат доделени и наградите дипломи за најдобро сценарио, за најдобар млад автор до 18 години како и други специјални награди.
Рокот за испраќање е до 1 август 2025 година по пошта на адресата Стрип Центар на Македонија – Велес (за конкурсот) улица „Васил Ѓоргов“ бр.78 ,1400 Велес, Република Македонија или преку е-маил : [email protected]. За повеќе информации заинтересираните може да се јават на горенаведениот емаил или на тел +38978867327.
Меѓународниот стрип центар финансиран е од страна на Министерството за култура на Република Северна Македонија и Општина Велес .
Стефани Манева
