Стрип центарот на Македонија – Велес потпиша меморандуми за долгорочна стрип соработка
Стрип центарот на Македонија – Велес потпиша мемрандум за долгорочна стрип соработка со седум стрип центри од повеќе држави. На самиот крај од 20 Меѓународен стрип салон „Велес2023“, како завршна активност беше потпишувањето на меморандуми кои според Томе Трајков, координаторот на овие проекти е обврска од проектот финансиран од Фондациите INTERNATIONAL VISEGRAD FUND I VESTERN BALKAN FUND.
Потпишана е меморандум ѕа стрип соработка помеѓу вклучените организаци: Стрип центар на Македонија-Велес, Fúzió Egyesület од Унгарија, POMIMO –Словачка, Polskie Stowarzyszenie Komiksowe – Полска, NGO Komixxx project-Чешка , Kosova Cartoon – Феризај, Косово, Bad Brain Studio –Никшиќ ,Црна Гора и Klub likovnh umetnika “Raska Skola “ од Рашка ,Србија.
Трајков појасни дека соработка ќе се состои од меѓусебно информирање за активности на самите органанизации-потписници, меѓусебно информирање за стрип настани коишто се случуваат во земјите од кадешто се организациите-потписници на овој меморандум, меѓусебно повикување на активности(фестивали, колонии, стрип конкурси,,) организирани од страна на организациите-потписници на овој меморандум, подготовка и имплементација на заеднички проекти со којшто ќе се истапува пред различни донатори и фондови.
Тој додаде дека Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес континуирано создава стрип мостови помеѓу разни земји . Во овој случај воспоставена е соработка помеѓу земјите од ВИШЕГРАД групата, така и земјите од Западен Балкан, со можност за вклучување и на други земји и организации.
Стефани Манева