Велешанката Емилија Златкова Анастасова го промовираше својот најнов роман „2248“
Пред многубројна публика во медијатеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“, вчеравечер, велешанката Емилија Златкова Анастасова ја промовираше својата нова насловена „2248“. Оваа книга на авторката е четврто дело со детективката Силвија Сиљановска и свештеникот Михаил и се класифицира како крими роман.
Промоторката на книгата Десанка Николова пред присутните појасни дека иако оваа книга е дел од серијалот за детективката Силјановска и свештеникот Михаил, сепак романот „2248“, претставува своевиден независен дел. Исто така додаде дека авторката овој роман им го посветува на сите мајки како осмомартовски подарок.
Авторката Златкова Анастасова упати голема благодарност до сите коишто беа дел од промоцијата и откри дека бројот 2248 којшто е наслов на новата книга нема некое посебно значење за неа.
– Покрај мајката како лик кој се појавува во романот, главен лик е детето Ангел, кое е дете со аутизам. Целта ми е да покажам со што се соочуваат децата со аутизам и нивните семејства“ додаде авторката Златкова Анастасова.
За време на промоцијата Марија Бошевска читаше извадоци од романот додека со свои музички точки се претставија Љупчо Стојанов и Дејан Наумов под менторство на професор Илија Настовски од Музичкото училиште „Стефан Гајдов“ од Велес.
Стефани Манева