Велешката библиотека додели награди за најчитатели во 2023 година

Објавено на 5 февруари, 2024 во 16:14

Теодора Андова е прогласена за најчитател во Одделот за возрасни додека за највозрасен читател награда доби Марија Питиќова којашто при земањето на наградата пред публиката сподели дека книгата и е најдобар пријател. Мелек Муратова доби награда за најчитател од Одделот за деца додека Калина Нацкова за најмлад читател. Во Организационата единица Градско, за најчитател од Одделот за возрасни беше прогласен Велков Аце а од Одделот за деца Кавазов Леон.

Патронот на велешката библиотека, денеска, започна со изведба на поемата „Сердарот“ од Григор Прличев во изведба на учениците од ООУ „Блаже Конески“ под менторство на наставникот Саше Андреевски. Учениците беа наградени со громогласен аплауз од присутната публика, а веднаш потоа се обрати и директорката на институцијата Снежана Боешевска која изрази огромна благодарност до нив и врачи благодарница на семејството Здравковски кои на почетокот на учебната година ја платија членарината на сите ученици кои се зачленија во библиотеката.

-Упатувам голема благодарност до сите зачленети граѓани во библиотеката, соработниците, институциите и вработените кои секој со својот удел придонесе за успехот што го постигнавме изминатата година. Се надевам дека ќе продолжиме сите заедно посветено да ја негуваме љубовта кон книгата, кон пишаниот збор“, додаде Бошевска.

Одбележувањето на патрониот празник на библиотеката „Гоце Делчев“ продолжи со доделување на награди од конкурсот „Читањето е сонување со отворени очи“ објавен од страна на библиотеката.

Во категоријата од шесто до деветто одделение од основните учичишта првото место го освои Давид Траковски, IX одделение, од ООУ„ Даме Груев” Градско под менторство на  Лидиа Каратулкова. Второто место и припадна на осмоодделенката Натали Арсовска од ПУ„ Стоан Бурчевски-Буридан” од село Суаклари  под менторство на Maja Сторанова. Третото место го доби Дариа Тракова, IX-1 одделением, од ООУ„ Васил Главинов” Велес под менторство на Елена Гуновска. Исто така, пофалници добија и Ана овановска VI-1 одделение ООУ„ Васил Главинов” Велес под менторство на Боранка Ципунова-Ташова, Ивона Велковска, VI-6 одделение од ООУ „Васил Главинов” Велес под менторство на Тразанка Стумбова.

Потоа, беа врачени и наградите за средношколците. Првото место го доби Миа Несторова од I-1 клас, од СОУ„ Димитриа Чуповски”  под менторство на Лубинка Ртоска Второто место го доби Јана Пљокова, II-1 клас  од СОУ„ Гимназиа Кочо Рацин” под менторство на Александра Стоановска. Третото место го доби Кристиан Мартинов, од II-3 клас СОУ „ Гимназиа Кочо Рацин” под менторство на Александра Сторановска. Пофалени беа и учениците Наумина Стоилковска III-1 клас од СОУ „Димитриа Чуповски” со ментор Верица Николова, Ива Илиеска І клас СОУ, Гимназиа Кочо Рацин” со ментор Цветанка Карамаркова.

Во категоријата од 4-5 одделение основно образование, за изработка на литературно-ликовна творба наградени беа Јована Арсовска со прва награда од ССОУ „Св. Кирил и Методиј“ под менторство на Јован Јовановски, втората награда ја доби Димитар Миладиновски од ООУ „ Блаже Конески” под менторство на Славица Траковска и Славица Петрова и третото место го доби Илина Бабуновска од ООУ„ Васил Главинов” под менторство на Мариана Самарциева. Пофалени беа Лина Шопова од ООУ „ Блаже Конески“ со ментор Славица Траковска и Славица Петрова, Даниела Шопова од ООУ „ Св. Кирил и Методи” со ментор Мирјана Стојанова и Ирина Лазаревска од истото училиште под менторство на Сузана Павловска.

Исто така, велешката библиотека ги додели и наградите за фото конкурсот на тема „Зима во книга“.

Трите фотографии со наімногу допаѓања на фејсбук страната на библиотеката беа наградени и тоа прво место освои фотографијата на Дамјан Стојновски, второ место Габриела Мартинова и трето место Мила Кирова, додека специјална награда од комисијата доби Јоана Нацкова.

За време на настанот со неколку музички точки се претставија и учениците Ангел Богоевски и Михаил Петковски од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.