Велешката библиотека додели пофалници за најчитатели во 2021 година
Објавено на 24 јануари, 2022 во 13:52
Локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес додели пофалници за највозрасен читател и најчитател во одделот за возрасни како и за најмлад читател и најчитател во одделот за деца.
Пофалница за највозрасен читател во одделот за возрасни за 2021 година доби велешанката Марија Питиќова, додека пофалница за најчитател во истиот оддел доби Десанка Илова.
Во одделот за деца за најмлад читател во 2021 година пофалница доби Матеја Мартиновска и пофалница за најчитател во текот на истата година доби Ангела Здравковска.
Од локалната библиотека „Гоце Делчев“ информираат дека наградените покрај пофалница, добија пригодни награди како и бесплатна членарина за една година.
Стефани Манева