Велешкиот афористичар „Коки“ со шест нови афоризми ?
Објавено на 4 јули, 2022 во 10:22

Почетокот на работната седмица го започнуваме со насмевка благодарение на новите шест афоризми на велешкиот афористичар Никола Бошков „Коки“.
-Дојде време да се живее исклучиво од љубов, зошто денари има се помалку. ?
-Денес, занимавањето со политика за многумина претставува мошне корисен бизнис: почувствуваа луѓето дека тоа најмногу се исплатува. ?
-Искусните жени постојано ќе ве уверуваат дека е многу подобро да се има ПАТКА в раце,отколку… Лебед на езеро. ?
-На многумина луѓе во бракот им е се токму, освен жената. ?
-Класичниот секс е веќе далечно минато, сега воопшто не е важно дали имате нешто во гаќите. ?
-Нашиот одбрамбен фудбалер им ги „кршеше“ срцата на девојките, но и нозете…на противничките играчи. ?
Афористичар
Никола Бошков – Коки
