Во Дом на култура Кавадарци ќе биде отворена изложба на Башким Меџити

Објавено на 30 јуни, 2022 во 12:27

Изложба на ликовниот уметник Башким Меџити од Гостивар ќе биде отворена во Галеријата при Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци.

-Башким Меџити е роден на 16 јули 1965 година во Гостивар. По завршувањето на средно образование ЦСНО Злате Малакоски – Гостивар 1984/85, во 1986 година се запишува на Факултет за Ликовна уметност во Приштина, одсек сликарство во класата на проф. Тахир Емрес, каде што дипломирал во 1991 година. На истиот Универзитет, во 1998 година успешно ги завршува постдипломските студии и се здобил со звање: Магистер по сликарство, пишува во соопштението на Дом на култура.

Изложбата ќе биде отворена утревечер, 1 јули, со почеток во 20:00 часот и истата е поддржана од Министерство за култура на Република Северна Македонија.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.