Време е за насмевки, шест нови афоризми на велешкиот афористичар „Коки“
Вашето слободно време исполнете го со позитивна енергија и насмевки. Нашиот афористичар Никола Бошков – Коки и овој понеделник со шест нови афоризми за убав почеток на работната дождлива седмица.
-Во училиштата се најавува воведување на сексуално воспитување: сега ќе имаме можност да стекнуваме искуства од младината.
-Чаршиските кучиња се соочија со голема конкуренција: некои партиски портпароли се обидуваат да ги надминат во лаењето.
-Храбрите воини се борат до последната капка крв, девојките… до првата!
-Чинот на венчавката секогаш е исполнет со искрени бакнежи и насмевки: она што следува потоа… не е за смеење.
-Додека тој блееше на состаноците, пријателите дома му ја мрсеа волната.
-Многуте сопруги се гневни на вечерната понуда на спортската ТВ програма: им ги кастрира мажите.
Афористичар
Никола Бошков – Коки